Тен Хаг има план: Го дава Марсијал и пари за да го донесе откритието на сезоната

Ерик тен Хаг го наследи Ралф Рангник на клупата на Манчестер Јунајтед и полека го подготвува тимот за претстојната сезона.
Дарвин Нуњез е нова сензација на европскиот фудбал, а неговите игри во дресот на Бенфика го привлекоа вниманието на неколку врвни клубови.
Ливерпул, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Барселона се тимови кои се заинтересирани за услугите на Нуњез во последните месеци. Напаѓачот на Бенфика имаше одлична сезона, успевајќи да постигне 34 гола на 41 натпревар.
Нуњез стана јасна мета на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а клубот од Олд Трафорд се подготвува да даде јасна понуда до Бенфика. Поточно, Англичаните се подготвени да се откажат од Антони Марсијал, но и да понудат одредена сума на пари во замена за уругвајскиот фудбалер.
Марсијал неодамна се врати во Јунајтед по позајмица од Севиља. Овојпат, сепак, напаѓачот може да го напушти таборот на „црвените ѓаволи“ во кој настапува од 2015 година, по трансфер од Монако.
Инаку, Нуњез кариерата ја започна во уругвајски Пенарол, прв европски клуб му беше Алмерија од која пристигна во Бенфика во 2020 година.



