Connect with us

Фудбал

Тен Хаг конечно го прекина молкот и ја откри иднината на Кристијано Роналдо

Ерик тен Хаг вчера и официјално се прости од клупата на Ајакс, а од следната сезона ќе го води Манчестер Јунајтед.

Тен Хаг одлучи да ја прифати поканата на Манчестер Јунајтед и ќе се соочи со огромен предизвик. Се очекува Холанѓанецот да ги врати „црвените ѓаволи“ на самиот врв и јасно е дека нема да му биде лесно.

Пред неколку недели Јунајтед потврди дека Тен Хаг е новиот тренер на овој клуб и наскоро ќе биде претставен во Театарот на соништата.

Тој вчера и официјално се прости од Ајакс со кој бележеше одлични резултати во претходните сезони. Сепак, тој сега оди на многу потежок терен бидејќи е јасно каков притисок носи тренерската функција во Манчестер Јунајтед.

После вчерашниот натпревар помеѓу Витесе и Ајакс, Тен Хаг конечно првпат отворено проговори за Манчестер Јунајтед, а секако главна тема беше Кристијан Роналдо.

Многу се шпекулациите дека Роналдо ќе го напушти „Олд Трафорд“ по само една сезона, но Тен Хаг јасно стави до знаење дека следната сезона ќе смета на Португалецот бидејќи на сите им е јасно за каков играч станува збор.

„Секако дека сакам да го задржам Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед. Тој е многу важен играч за овој клуб. Роналдо е гигант поради се што направи во кариерата и затоа што се уште е толку амбициозен“, изјави Тен Хаг.

Роналдо оваа сезона беше најдобриот играч на Манчестер Јунајтед, кој на 39 натпревари во сите натпреварувања успеа да постигне 24 гола и да забележи три асистенции.

Реклама

Facebook