SportM
Фудбал

Тен Хег: Го разбирам Клоп… апсолутно

Д М26 јан 2024
Тен Хег: Го разбирам Клоп… апсолутно

Фото: Football – 2022 / 2023 Premier League – Liverpool vs Manchester United, ManU – Anfield – Sunday 5th March 2023 Liverpool manager Jurgen Klopp and Manchester United manager Erik ten Hag PUBLICATIONxNOTxINxUK

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг го разбира најавеното заминување на Јирген Клоп од Ливерпул на крајот од сезоната.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед го пофали Клоп што го промовираше Ливерпул во победник во Лигата на шампионите и Премиер лигата откако го презеде во 2015 година.

„Можам да разберам дека, апсолутно, девет години се долг период на градење и реализација на цели, но мислам и на неуспеси и влегување во тешки периоди. Премиер лигата бара многу“, прокоментира менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Дополнително:

„Комбинацијата од натпреварување во Премиер лигата и на европските терени исто така бара. По девет години тоа е многу време, разбирам дека му снемува енергија и тоа е еден од неговите аргументи да се пензионира“.

Заминувањето на Клоп е удар за големиот ривал Јунајтед, но Тен Хаг смета дека тоа не е добра вест за англискиот фудбал.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.