Тен Хег во 87. минута од пријателски натпревар викаше по својот играч: „Што по ѓаволите правиш?“

Ако се суди по првите подготвителни игри, доаѓањето на Ерик тен Хаг ќе биде вистински хит за Манчестер Јунајтед.
Тен Хег летово беше назначен за нов тренер на „црвените ѓаволи“ по уште една неуспешна сезона. На тренерското место го замени Ралф Рангник, а поранешниот тренер на Ајакс веќе во првите денови го наметна својот работен режим и буквално ги потресе заспаните ѕвезди на Јунајтед.
Неговиот тим денеска го победи Кристал Палас со 3:1 во уште еден подготвителен натпревар на претсезонската турнеја во Австралија. Стрелци за Јунајтед беа Марсијал, Рашфорд и Санчо и тоа беше трета последователна победа за Јунајтед. На претходните два натпревари против Ливерпул и Мелбурн Виктори постигнаа по четири гола.
И покрај тоа што се работи за подготвителни натпревари за кои тренерите сакаат да кажат дека резултатите се споредни, Тен Хаг не препуштил ништо на случајноста, па им давал совети и инструкции на своите играчи за сите 90 минути покрај аут-линијата.
Во еден момент кон крајот на натпреварот, во 87. минута, тој му се развика на својот фудбалер, што може да се слушне на едно видео. „Што по ѓаволите правиш?“ му викал Тен Хег на еден од играчите додека неговиот тим водеше со 3:1.
Некои фанови на Твитер веруваат дека пораката на Тен Хег била насочена кон 19-годишниот играч од средниот ред Чарли Севиџ, кој влезе во второто полувреме за да ги освежи работите. Но, други веруваат дека голманот Давид де Хеа бил негова „жртва“ откако ја шутнал топката наместо да создава акција од одбраната.
Тен Хег, пак, ужива во предизвикот да води клуб голем како Манчестер.
„Вистински предизвик е да се вратат таму каде што припаѓаат. Мотивиран сум да го направам тоа. Сакам да победувам на секој натпревар и не е важно кој е противникот. Тоа го барам од секој играч и тоа мора да биде во гените на Манчестер Јунајтед“, изјави Тен Хаг.
Slowed with the volume up, for those without working ears.
Sorry to disappoint but it's clearly "Charlie" 👍 pic.twitter.com/JuHFb7v0Y0
— ᴴ (@HaroldCuntPal) July 19, 2022



