Connect with us

Тајмаут

Тенисерка потполно гола најави каде ќе игра! Состаноците со мажите ги наплатува по 1000 долари, за два дена на сајтот за возрасни доби огромни пари (ФОТО)

Американската тенисерка Сашија Викери (30) на необичен начин ги најави своите следни обврски. Викери во 2018 година стигна до 73. позиција на ВТА-листата и тоа е нејзиниот најдобар пласман во кариерата. Моментално е 523. на светот, а наредната сезона, како и многу други тенисери и тенисерки, ќе ја започне во Австралија. Викери го најави доаѓањето во оваа земја на необичен начин – веднаш откако објави фотографија на која е целосно гола.

Сашија Викери во текот на 2025 година одлучи да отвори профил на страницата за возрасни „OnlyFans“ и, како што вели, тоа била одлична одлука.

„Искрено, не, не го планирав тоа, но сум многу отворена личност и не ме интересира што мислат луѓето за мене… тоа е, исто така, најлесно заработените пари во мојот живот и уживам во тоа“, изјави Викери пред почетокот на квалификациите за годинашниот УС Опен.

Таа своевремено зборуваше и за својот љубовен живот.

„Повеќе не излегувам бесплатно поради однесувањето на мажите. Сега барам депозит пред средба — пратете ми 1.000 долари и можеме да се договориме.“

Во краток временски период заработила многу пари.

„Никогаш повеќе во животот нема да зборам лошо за девојките кои се на OnlyFans. Бидејќи количината пари што ја заработив таму во првите два дена ме шокираше целосно. Бев едноставно запрепастена,“ порача Сашија.