SportM
Тајм аут

Тенисерката Камила Џорџи ја заврши кариерата за да рекламира долна облека (ФОТО)

Редакција9 мај 2024
Тенисерката Камила Џорџи ја заврши кариерата за да рекламира долна облека (ФОТО)

Познатата италијанска тенисерка и една од најубавите спортистки во светот Камила Џорџи (32) ја заврши кариерата. Иако официјално не објави крај на кариерата, италијанската тениска асоцијација ја вклучи во листата на поранешни тенисерки, а италијанските медиуми пишуваат дека таа ќе се огласи во наредните денови и ќе ја потврди оваа информација.

Џорџи многу успешна кариера во која освои четири титули, а најдобар пласман во кариерата и е 26. место на ВТА листата од 2018 година. Во таа година таа го постигна својот најголем успех на Грен слем турнирите, кога играше во четвртфиналето на Вимблдон. Италијанката, која отсекогаш пленела со својата убавина, последен пат беше на теренот во март на Мастерс турнирот во Мајами. Нејзиното пензионирање не е големо изненадување со оглед на тоа што долго време покрај тенисот води успешна манекенска кариера.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.