Connect with us

Фудбал

Тепачка помеѓу играчите на Милан и Феенорд по мечот (ВИДЕО)

Феенорд го елиминираше Милан во ЛШ откако одигра 1:1 на „Сан Сиро“, бидејќи првиот меч заврши со победа на холандскиот тим од 1:0. По мечот настанаа искри, веднаш откако судијата одсуди крај се фатија за врат неколку играчи на Милан и Феенорд по што сите од клупата отрчаа да го решаваат проблемот. Засега нема информации зошто настанал конфликтот. Судијата покажа жолт картон на Леао и црвен на Рид од Феенорд.