SportM
Фудбал

Тер Штеген: Жал ми е, но на Европското првенство ќе бидам само гледач

E R17 мај 2021
Тер Штеген: Жал ми е, но на Европското првенство ќе бидам само гледач

Голманот на Барселона Андре Тер Штеген нема да настапи во дресот на Германија на претстојното Европско првенство. Одлуката ја донел тој, заедно со медицинскиот тим. Мора да оди на уште една операција, па поради тоа нема да биде во состојба да настапи.

-Заедно со медицинскиот тим на клубот одлучивме дека е потребно да направам нова операција на коленото. Тажен сум бидејќи ќе го пропуштам Европското првенство ова лето со Германија. За првпат после долги години ќе бидам само фан од дома кој ја поддржува својата земја, се надевам дека ќе победиме! По летниот одмор, се надевам дека ќе играме пред фанови кога ќе се вратам на теренот. Ви благодарам за поддршката во оваа тешка сезона и останате здрави, порача Тер Штеген.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.