Connect with us

Фудбал

Терминатор во копачки: Халанд ги нареди топките една врз друга и направи спектакл (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд е еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов.

Неверојатниот норвешки напаѓач обезбедува навистина спектакуларни игри во дресот на Борусија, а на еден од тренинзите покажа каков мајстор е.

Трите топки што ги нареде една врз друга завршија токму таму каде што сакаше Халанд. Тој лесно ги постави во целта што беше поставена во самиот агол на голот и погоди право во неа.

Многумина се уште тврдат дека ударот е лажен, бидејќи е речиси невозможно топките да стојат една врз друга на овој начин, но со Халанд никогаш не знаете што може да направи.

Норвешкиот напаѓач е вистинско чудо, а популарниот Терминатор го докажува тоа од натпревар во натпревар.

Борусија најверојатно ќе се збогува со Ерлинг на крајот од оваа сезона бидејќи 21-годишниот напаѓач е подготвен за нови предизвици.

Во дресот на тимот на Дортмунд, одигра 67 натпревари и постигна 68 голови.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама