Тешка казна за играч кој го бојкотира сопствениот клуб заради трансфер!

Некои играчи со намера да ја променат средината не бираат средства и опстојуваат на својата цел.
Многу често се случува фудбалерите да бидат заложници на клубовите кои им плаќаат, па едноставно се принудени да го прават тоа што ќе им се побара.
Доколку го направат спротивното и започнат некаков бојкот, веднаш се казнети. Тоа на своја кожа го почувствува Весли Фофана од Лестер Сити.
Фофана прави се за да го напушти Лестер Сити и да потпише за Челзи, па викендов не го прослави голот на својот клуб против Саутемптон.
Во меѓувреме, „Лисиците“ одбија и трета понуда за талентираниот стопер. Ниту 71 милион евра плус 12 милиони бонуси не им беа доволни на сините.
Бидејќи не се појавува на тренинзите, Лестер Сити реши да го казни 21-годишниот играч со испраќање во тимот до 21 година.
„Тој е добро момче и минува низ тешки времиња. Многу работи се случуваат зад сцената, јас го разбирам тоа. Тој не е фокусиран во моментов, а натпреварите во Премиер лигата не можат да се играат ако не сте 100 отсто“ изјави Брендар Роџерс, менаџер на поранешниот англиски шампион.
Фофана е во Англија од 2020 година, кога дојде од Сент Етјен беше доведен за 35 милиони евра и стана еден од најдобрите дефанзивци во англиската ПЛ.
Одличниот стопер веќе договорил се со сините, кои решиле да се откажат откако и третата понуда била одбиена.
Остануваат уште неколку дена до крајот на преодниот рок, па останува да се види дали ситуацијата ќе се промени и дали Фофана на крајот ќе заврши на „Стемфорд Бриџ“.



