Connect with us

Фудбал

Тешко е да се најдат вистинските зборови за да се опише изразот на лицето на играчот на Барселона (ВИДЕО)

За првпат во историјата на Лигата на шампионите, Барселона го заврши својот натпревар без удар кон голот.

Барселона беше домаќин на Баерн и претрпе срамен пораз од 0:3 и сосема е јасно дека на Каталонците им претстои исклучително тешка сезона.

Гостите од Баварија беа едноставно супериорен тим и немаа милост кон Барселона, која ја чека период на резултатска неизвесност.

Кога Роберт Левандовски ја удвои предноста на гостите на почетокот на второто полувреме, Роналд Куман одлучи да им даде можност на младите играчи.

Така излегоа Серхио Бускетс, Серхи Роберто и малку подоцна Жорди Алба. Реакцијата на играчите на Барселона е тешко да се опише со зборови.

Камерите успеаја да ја доловат реакцијата на Алба на клупата, што најдобро ја опишува моменталната беспомошност на Барселона.

Требаше да се претпостави дека Барселона ќе стане значително послаба со заминувањето на Лео Меси, но до тој степен што да не упати удар во шеснаесетникот на натпреварот од Лигата на шампионите, ретко кој можеше да поверува во тоа.

Во моментов, навистина има многу прашалници над Ноу Камп, и ако денот се знае по утрото, на навивачите и раководството на Барселона ќе им треба многу трпение во наредниот период за повторно да станат конкурентни на меѓународен план.

Facebook