Тевез би можел да се врати во Манчестер Јунајтед

Аргентинскиот напаѓач играше за англискиот гигант во 2007-2009 година, а потоа мина на градските ривали.
Манчестер Јунајтед бара напаѓач за втората половина од сезоната.
„Црвените ѓаволи“ нема да можат да сметаат некое време на повредениот Маркус Рашфорд, па затоа бараат друг напаѓач.
Некои имиња се споменати досега, но ништо конкретно.
Сега, британските медиуми јавуваат дека ветеранот Карлос Тевез може да се врати на „Олд Трафорд“.
Аргентинскиот напаѓач играше за англискиот гигант во 2007-2009 година, а потоа се префрли на градските ривали.
Тевез, кој на 5 февруари ќе наполни 36 години, се врати во Аргентина пред неколку години.
Поранешниот репрезентативец на Аргентина не е дел од плановите на новите директори на Бока Јуниорс, со кои неговиот договор истекува во јуни годинава.
Сепак, поранешниот играч на Вест Хем и Јувентус би можел да заврши на „Олд Трафорд“ уште овој месец.



