Поврзи се со нас

Фудбал

Тевез: Плачам во соблекувалната, само поради семејството сè уште не сум распаднат

Карлос Тевез му откри на светот дека плаче за време на натпреварите затоа што тешко се справува со влошената здравствена состојба на неговиот татко.

Раимундо Тевез помина 45 дена на интензивна нега во борбата против коронавирусот во приватната болница во Буенос Аирес, од каде беше ослободен на 4 септември.

Но, таткото на фудбалерот, кој е дијабетичар, мораше да се врати во болницата пред неколку недели, бидејќи неговата состојба беше влошена.

„Многу е тешко. Имам различни емоции. Понекогаш сум добар, а понекогаш плачам во соблекувалната на полувремето“, изјави Тевез за аргентинскиот ЕСПН по неделниот пораз на домашен терен на Бока Јуниорс од Талерес со 1:0 на домашен терен.

„Времињата се тешки. Одам да го посетам татко ми, а потоа мора да бидам силен и да одам да играм фудбал“, рече Тевез, кому навивачите му изработија транспарент за поддршка.

„Ми ја исполнува душата кога излегувам на терен и го гледам тој транспарент. Важно е дека сум сè уште силен, благодарение на луѓето во клубот и на моето семејство кои ми помогнаа да не се распаднам, туку да продолжам да се борам“, изјави аргентинскиот напаѓач.

Биолошкиот татко на Тевез бил убиен пред да се роди Карлос, а него го пораснаа Раимундо и неговата сопруга, на која Карлос и е внук.

loading...

Facebook