SportM
Фудбал

Тежок товар е на грбот на овој човек, сега самиот проговори

Д М10 сеп 2022
Тежок товар е на грбот на овој човек, сега самиот проговори

Килијан Мбапе и Нејмар очигледно имаат затегнати односи.

 

Наводно Французинот побарал од клубот што побрзо да се ослободи од Бразилецот, но тоа не се случи летово.

 

Иако е убаво да се има тим полн со суперѕвезди, тоа е и меч со две острици, затоа што треба да се комбинира и склопи сето тоа, а притоа да се сведе егото на сите фудбалери на најниско можно ниво за да не се расипе атмосферата. во рамките на тимот. Токму таква задача има Галтиер, тренерот на ПСЖ.

ПСЖ го совлада Јувентус со 2:1 во првото коло од Лигата на шампионите, Мбапе постигна два гола, но она што го направи кон крајот на натпреварот дополнително ја подгреа и онака вжештената атмосфера меѓу него и Нејмар.

 

Имено, двајцата тргнаа во контра, Мбапе можеше да му додаде на Нејмар, кој 99% ќе дадеше гол и ќе го реши натпреварот, но реши сам да заврши се и промаши.

 

Тренерот на Париз, Кристф Галтие не негираше дека се уште постои спор меѓу Мбапе и Нејмар, кој по дискусија бил решен.

“Односите меѓу Мбапе и Нејмар се добри. Таква беше ситуацијата на тој натпревар. Разговараа за тоа и веќе нема проблем. Убеден сум дека Килијан ќе му пружи неверојатни асистенции на Нејмар. Не мислев дека има ништо негативно на натпреварот против Јувентус“, рече тој.е Кристоф Галтиер, пренесе Мундо Депортиво.

 

Да потсетиме, пред натпреварот со Јувентус, самиот Килијан Мбапе го коментираше односот со Нејмар.

 

“Ова е нашата шеста сезона заедно. Секогаш имавме врска заснована на почит. Некогаш беше поблиска, понекогаш подалечна. Имаше моменти кога бевме најдобри пријатели, но и моменти кога помалку разговаравме. Многу го почитувам Нејмар и за важноста што ја има за тимот“, изјави Мбапе, пренесуваат француските медиуми.

 

Јасно е дека има проблем, а како и дали Галтие ќе го реши останува да видиме. Тој би морал што поскоро да ги израмни односите меѓу двајцата, бидејќи најтешкиот дел од сезоната допрва доаѓа.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.