Тежок удар за Холандија: Емануел Емега го пропушта Светското првенство

Голем шок ја погоди холандската репрезентација откако напаѓачот Емануел Емега нема да настапи на претстојното Светско првенство во 2026 година. Веста ја пренесоа неколку водечки холандски медиуми, кои наведуваат дека 23-годишниот фудбалер отпаднал од плановите на селекторот Роналд Куман.
Според информациите на холандскиот медиум NOS, Куман донел конечна одлука да не го вклучи идниот фудбалер на Челси во составот кој се подготвува во кампот во Зејст. Одлуката изненади многумина, бидејќи Емега важеше за еден од играчите на кои се гледа како на иднина на „лалињата“.
Причините за ваквиот потег се исклучиво од спортско-техничка природа и се поврзани со неговата моментална физичка состојба. Од холандската фудбалска федерација одлучиле да не ризикуваат со фудбалер кој не се наоѓа во оптимална форма.
Главната причина за неговото изоставување се проблемите со повреди и недоволната натпреварувачка форма. Напаѓачот долго време се соочува со мускулни проблеми кои сериозно го ограничиле неговиот настап на теренот.
Од зимската пауза наваму, Емега одиграл само седум натпревари, што се смета за недоволно за одржување на потребното ниво за настап на најголемата светска сцена.
Иако дебитираше за репрезентацијата во ноември минатата година, Емега сега ќе мора Светското првенство да го следи од страна. Конечниот список на Роналд Куман за мундијалот официјално ќе биде објавен во среда.



