Connect with us

Фудбал

Тежок удар за ПСЖ пред Лајпциг

Тимот на ПСЖ претрпе уште еден тежок удар.

Откако тимот се бореше со повредата на Килијан Мбапе, а Марко Врарати се уште е повреден, Анхел Ди Марија не играше против Аталанта, сега е повреден и Кејлор Навас.

Извештаите велат дека тој не тренирал со тимот вчера и дека нема да биде меѓу стативите во дуелот против Лајпциг во вторник вечерта.

Тој треба да биде заменет со Шпанецот Серхио Рико, кој има остварено само девет настапи оваа сезона.

loading...

Патем, Навас веќе се пожали на повредата за време на натпреварот против Аталанта, но тогаш тој ја пронајде силата и го одигра мечот до крај.

Ова дефинитивно ќе биде удар за Томас Тухел бидејќи Навас е сигурно еден од најдобрите голмани на светот кој веќе трипати ја освои Лигата на шампионите и сигурно би му бил од голема корист на тимот во вторник. Ќе видиме дали тој ќе биде подготвен за можното финале …

Освен него, под знак прашалник се и Курзава и Верати.

 

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com