Фудбал
Тиаго Мота на клупата на Милан?!

Италијанските медиуми објавуваат дека поранешниот тренер на Болоња и Јувентус, Тијаго Мота, е еден од кандидатите за нов главен тренер на Милан. Милан бара „траен“ тренер кој ќе го замени Серхио Консеисао, португалскиот стручњак кој пристигна на Сан Сиро за да го замени Пауло Фонсека на крајот на декември.
И покрај освојувањето на Суперкупот на Италија, тој не направи доволно за да го убеди одборот на „росонерите“ да му го доверат тимот на подолг период.
Игли Таре ја презеде функцијата спортски директор на Милан во понеделник, а негов приоритет сега е да најде нов главен тренер. Некои од фаворитите се веќе доста далеку од Сан Сиро, Антонио Конте би можел да се врати во Јувентус, Масимилијано Алегри треба да го замени во Наполи, Винченцо Италијано е блиску до потпишување нов договор со Болоња, додека Роберто Де Зерби наводно ќе остане во Марсеј следната сезона.
Челниците на „росонерите“ се обидоа да го доведат Мота на крајот од минатата сезона по заминувањето на Стефано Пиоли, но Јувентус беше побрз.