Тиери Анри се враќа во англискиот фудбал?
Д М17 фев 2021

Тиери Анри би можел да се врати во англискиот фудбал како менаџер на тимот на Борнмут.
Скај Спорт известува дека управата на тимот од Чемпионшип го контактирала легендарниот Французин и дека се водат преговори за преземање на тимот.
Во моментов, тимот што го брани Асмир Беговиќ е привремено предводен од Џонатан Вудгејт, кој дојде на местото на Џејсон Тиндал, кој беше отпуштен на почетокот на февруари поради лошите резултати.
Анри ја започна тренерската кариера на клупата на белгиската репрезентација, каде од 2016 до 2018 година играше улога на асистент на Роберт Мартинез.
Потоа го водеше тимот на Монако без премногу успех, и работеше како тренер на МЛС тимот за Монтреал.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



