Поврзи се со нас

Фудбал

Тијаго Силва го крена гласот, многумина ќе се препознаат

Бразилскиот стопер Тијаго Силва се побуни против густиот распоред.

Многумина се жалат на густиот распоред што доведува до повреди на фудбалерите, но малку играчи зборуваат јавно за тоа. Порано беше Кевин де Брујн, а сега бекот на Челзи.

“Ние не сме машини. Неодамна видовме студии според кои веројатноста за повреда се зголемува ако играте четири или пет натпревари со оддалеченост од три дена. Тоа е загрижувачки за нас”, рече Бразилецот.

Силва е член на Челзи од летото и дојде како слободен агент од ПСЖ.

Тој беше стрелец за Сините во текот на викендот во убедливата победа над Шефилд Јунајтед.

loading...

Facebook