Connect with us

Фудбал

Тијаго Силва во Серија А!

Искусниот бразилски стопер Тијаго Силва (35) повторно ќе игра во Серија А следната сезона.

Силва се обиде на секаков начин да остане во ПСЖ, но едноставно тренерот Томас Тухел му рече дека нема смета на него следното лето, па Бразилецот како слободен агент, бидејќи неговиот договор истече ова лето, беше принуден да бара нов клуб.

Иако беше поврзан со поранешниот клуб Милан, на крајот, според француските медиуми, тој ја одбра Фиорентина.

Силва ќе добие четири милиони евра плус бонуси за една сезона, а Фиорентина треба да го потврди наскоро неговиот ангажман.

loading...

Силва влезе во историјата на ПСЖ. Тој дојде во клубот во 2012 година, а со парижаните освои дури седум титули на Лига 1, пет трофеи од Купот на Франција, шест трофеи од Лига Куп и сега има можност да ја освои ЛШ на крајот.

Финалето на Лигата на шампионите е в недела, а Силва со ПСЖ ќе игра против Баерн.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com