Тимо Вернер веќе ја донесе својата одлука и чека официјална потврда

Тимо Вернер го напушта РБ Лајпциг во текот на летото.
Напаѓачот на германскиот тим реши да ја напушти Бундес-лигата и преговара со заинтересираните странски тимови, при што англиските медиуми велат дека 24-годишниот напаѓач би можел да ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Црвените веќе долго време преговараат со Вернер. Тие, наводно, се многу блиску до реализација на трансферот и тој би можел да го носи дресот на англискиот гигант од следната сезона.
Ливерпул ќе плати околу 60 милиони евра на германскиот тим за услугите на овој фудбалер, а на Вернер му е понуден петгодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона.
Трансферот на Вернер треба да биде официјално објавен наскоро. Многу е веројатно да го носи дресот на „црвените“, а и Челзи и Интер се заинтересирани за неговите услуги.
Германскиот напаѓач е брилијантен оваа сезона и има 25 голови и девет асистенции во сите натпреварувања.



