Connect with us

Други спортови

Тинејџер го изнервира Новак Ѓоковиќ, му зема сет, па потоа ја осети неговата моќ

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија опен. Ѓоковиќ во првото коло во четири сета 4:6, 6:3, 6:4, 6:2 го совлада Американецот со потекло од Индија, Насеш Басавери. Натпреварот кој траеше 2 часа и 59 минути покажа дека во иднина може да видиме големи работи од деветнаесетгодишникот кој моментално е на 109. место во светот, а против Новак го одигра првиот меч во главната ждрепка на кој било Грен слем турнир.