Тинејџерот Ендрик првпат повикан во репрезентацијата на Бразил
Д М7 ное 2023

Бразилскиот фудбалски селектор Фернандо Диниз му врачи дебитантски повик во репрезентацијата на 17-годишниот Ендрик за претстојните натпревари против Колумбија и Аргентина во јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2024.
Ендрик од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, а оваа беше еден од клучните играчи на Палмеирас в битката за шампионската титула во Бразил.
Каземиро и Нејмар не се на списокот на Диниз поради повреди.
Бразил гостува во Колумбија на 16 ноември, а пет денови подоцна во Рио де Женеиро го пречекува светскиот првак Аргентина.
Аргентина води во јужноамериканските квалификации со максимални 12 бодови од четири натпревари, додека Бразил е на трето место со седум бодови.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



