SportM
Фудбал

Толисо ја обнови повреда на мускулот, пауза од околу еден месец

Д М4 апр 2022
Толисо ја обнови повреда на мускулот, пауза од околу еден месец

Фудбалерот на Баерн Минхен, Корентин Толисо ја обнови повредата на мускулот и нема да му биде на располагање на тренерот Јулијан Нагесман во следните три до четири недели.

Како што пренесуваат германските медиуми, 27-годишниот Французин повторно се повреди на натпреварот против Фрајбург минатиот викенд.

Тој во понеделник не беше на тренинг пред првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Виљареал во среда во Шпанија. Според првите проценки, тој нема да биде во тимот ниту на реваншот во Минхен, ниту на дуелите од Бундес лигата против Аугсбург, Арминија Билефелд и Борусија Дортмунд.

Толисо оваа сезона одигра 21 натпревар за Баерн во сите натпреварувања, постигна три гола и забележа исто толку асистенции.

Претходно беше објавено дека раководството на клубот не е подготвено да ги исполни финансиските барања на францускиот играч според новиот договор и дека е подготвено да се раздели со Толисон на крајот од сезоната.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.