Фудбал
Толку беше, по Жоао Феликс се чини дека и Кајл Вокер нема да остане во Милан!

Англискиот репрезентативец Кајл Вокер изјави дека ниту знае, ниту може да каже дали кариерата ќе ја продолжи во Милан.
Вокер е во Милано на позајмица од Манчестер Сити, од каде во јануари пристигна во Серија „А“.
Иако се шпекулира дека Милан ќе го потпише на перманентен договор на крајот од сезоната, самиот Вокер вели дека не знае што го чека во иднина.
-Кога ќе дојдеш до точка кога треба да се збогуваш, навистина е тешко. Кога се поздравив, Пеп стана и ми кажа навистина убави работи и ми испрати навистина убава порака, едноставно заблагодарувајќи ми за се. Но, дозволете ми да ви кажам, не е готово. Овде сум само на позајмица. Морам да ја разгледам можноста да се вратам. Но, јасно е дека двете страни треба да постигнат договор за се на крајот од сезоната. Тоа е поглавје што не е целосно завршено, но ќе видиме што ќе се случи, изјави Вокер за „Би-Би-Си Саундс“ на прашањето за неговата иднина.
Претходно медиумите објавија дека Жоао Феликс нема да остане во Милан, кој дојде на позајмица од Челзи.