Тони Крос ја завршува кариерата на крајот од сезоната

Мадридските медиуми открија ексклузивна вест која се однесува на фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос.
Имено, медиумите од Мадрид пренесоа дека Реал е загрижен дека Крос ќе стави крај на кариерата на крајот од сезоната.
Крос има договор со Реал Мадрид до јуни 2023 година, а сите во Реал Мадрид сакаат тој да остане во овој клуб.
Сепак, во ниту еден момент не се доведува во прашање дали Крос ќе замине во друг клуб, бидејќи го сака Реал Мадрид, туку прашање е дали сака да продолжи да игра фудбал.
Во неколку наврати изјави дека е физички и психички исцрпен и дека нема да гледа колку години има, туку ќе донесе одлука за крајот на кариерата кога ќе почувствува.
Германецот не брза да се одлучи за продолжување на соработката со Реал Мадрид, но се уште не кажа дали ќе ја продолжи или ќе ја заврши кариерата.
Тој е незаменлив во тимот на Анчелоти, но со оглед на неговата состојба, тренерот го ротира за да биде свеж и да може да игра во текот на целата сезона.
Реал Мадрид ја има потребната ширина во тимот, но секако Крос заедно со Лука Модриќ е еден од незаменливите членови на средниот ред на овој тим.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал го договорил првото засилување за летниот преоден рок, а станува збор за играчот од средниот ред, Џуд Белингем.
На крајот останува да видиме дали Крос ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната или и следната сезона ќе го гледаме во дресот на мадридскиот тим.



