Connect with us

Фудбал

Топ 10 мајстори за слободни удари, Меси го нема, Енис Барди прв

Не е важно колку ќе звучи чудно и неверојатно, Лионел Меси не е меѓу првите 10 изведувачи на слободни удари во Европа, но затоа нашиот Барди е прв.

Статистиките од август 2015 година велат дека ѕвездата на Барселона не е меѓу првите 10 господари на слободен удар.

На прво место е нашиот репрезентативец, Енис Барди кој игра за Леванте, има 24 отсто успешно изведени слободи удари, а втор е Антоан Гриеман од Атлетико со 22 отсто. Барди, кој признаваме дека и нас не изненади, постигнувајки шест од 25-те обиди во изминатите три и пол години, се најде на првата позиција пред, Ронало и Меси.

Пауло Дибала од Јувентус е трет со 20 отсто реализација, потоа Кутињо (Барселона) со 19 отсто, Марвин Платенхарт од Херта со 14 отсто…

На шестото место е Набил Фекир од Лион со 14 отсто, Миралем Пјаниќ, кој постигна осум гола исто така има 14 отсто.

Осмото место припаѓа на Федерико Вивијани од СПАЛ со 13 отсто, Нејмар од ПСЖ деветти со 11 проценти, а на десеттото место на листата е Симоне Верди од Наполи – 11 отсто.