SportM
Фудбал

Тотална распродажба во Борусија

Д М11 фев 2021
Тотална распродажба во Борусија

Екипата на Борусија Дортмунд следното лето може да остане без повеќето големи sвезди.

Германските медиуми тврдат дека гигантот од Дортмунд е во финансиска криза, дури може да останат и без место во Лигата на шампионите, па наводно се подготвува голема продажба на фудбалери.

ВАЗ објави список од осум играчи на листата за трансфери. Меѓу нив, секако, се и најголемите sвезди Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд, од чија продажба Борусија може да заработи и до 200 милиони евра.

Покрај нив, списокот содржи уште неколку интересни имиња. Прво Белингем кој пристигна од Бирмингем минатото лето за 25 милиони фунти.

Аксел Витсел, Мануел Аканџи, Рафаел Гереиро, Џовани Рејна и Махмуд Дахуд исто така се на списокот на продажба, а со нивната продажба Борусија може да заработи огромна бројка за да ги „закрпи“ финансиските дупки предизвикани од кризата.

Секако, целото внимание ќе биде насочено кон Санчо и Халанд. Ова дуо го привлекува интересот на најголемите светски клубови и нема да биде изненадување ако тие продолжат со кариерата на друго место.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.