Connect with us

Фудбал

Тотенхем донесе големо засилување

Спарс ја завршија работата да доведат одличен стопер.

Кристијан Ромеро кариерата ќе ја продолжи во Тотенхем. Аталанта попушти по големите преговори, па играчот им се приклучи на Спарс за 50 милиони евра со пет милиони евра бонус.

Ромеро на тој начин ќе добие можност да игра во атрактивната Премиер лига со некои од најдобрите играчи во светот, додека тимот од Бергамо за 30 милиони евра ќе го донесе Мерих Демирал од Јувентус.

Сега, сепак, прво се чека официјалната потврда за трансферот на Ромеро, 23-годишниот Аргентинец кој неодамна го освои Копа Америка.

Пред Аталанта, Ромеро играше за Јувентус и oенова, а потекнува од аргентинскиот Белгран. Минатата сезона беше стандарден и еден од клучните играчи на Аталанта.

Facebook