Тотенхем е необјаснив тим!

Тотенхем вечерва во Тарф Мур беше поразен од Барнли со 1-0 во одложениот натпревар од 13. коло на англиската Премиер лига.
Избраниците на Антонио Конте влегоа во овој натпревар по победата над Манчестер Сити, но нивните необјасниви падови во формата продолжуваат и тоа го покажаа и вечерва.
Барнли славеше вредна победа во борбата за опстанок. До победата дојдоа во 71. минута кога Бен Ми погоди за 1:0 на асистенција на Браунхил.
Така овој тим дојде до својот 20-ти бод во сезоната со два натпревари помалку на тимовите зад нив Ватфорд и Норич.
Заедно со Њукасл, Барнли е во најдобра форма од тимовите кои се борат за опстанок, а има и многу други големи имиња (Евертон, Лидс).
Тотенхем моментално е на осмото место со 39 бодови, но со вакви перформанси не можам да очекувам премногу за остатокот од сезоната.
Во вториот меч од вечерта, Кристал Палас го совлада Ватфорд со 4:1 како гостин.



