SportM
Фудбал

Тотенхем го мерка Галагер, Покетино: Конор и клубот ќе одлучат

Д М22 дек 2023
Тотенхем го мерка Галагер, Покетино: Конор и клубот ќе одлучат

Фото: LONDON, ENGLAND – DECEMBER 03: Adam Lallana of Brighton & Hove Albion battles for possession with Conor Gallagher of Chelsea during the Premier League match between Chelsea FC and Brighton & Hove Albion at Stamford Bridge on December 03, 2023 in London, England. (Photo by Mike Hewitt/Getty Images)

Фудбалерот на Челзи, Конор Галагер е предмет на интерес од неколку клубови, бидејќи неговиот актуелен договор со „сините“ истекува за 18 месеци.

Тотенхем во текот на летото се распрашуваше и за Галагер, кој е стандарден оваа сезона во дресот на Челзи. Англичанецот често ја носи капитенската лента со оглед на тоа што Рис Џејмс пропушти голем број на натпревари, а десниот бек ќе може да излезе на терен најрано на крајот на февруари.

Галагер е играч од средниот ред кој на различни начини придонесува за тимот, поради што ја заслужи довербата на Покетино. Од стартот на сезоната играше на сите позиции во средината, но сепак не го продолжи договорот со тимот во кој израсна.

„Како тренер, тешко ми е да ја коментирам таа ситуација – нејзиниот исход зависи од Конор и од лидерот на клубот. Тие ќе одлучат, а јас можам да дадам свое мислење и да ги советувам. Многу сум задоволен од игрите на Галагер“, изјави Покетино.

Како играч од таков профил, тој е компатибилен со барањата на менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу, кој прави вистинска револуција откако пристигна во Лондон. Австралиецот претходно потврди дека Сингерс немаат премногу пари на располагање за да донесат засилувања, но средствата би можеле да се соберат со продажба на играчи кои имаат нешто помала минутажа.

Приоритет на Тотенхем во јануарскиот преоден рок е да донесе стопер бидејќи Мики Ван де Вен е повреден, а Постекоглу не е задоволен од дефанзивците кои можат да играат во тандем со Кристијан Ромеро во негово отсуство. Главен кандидат е стоперот на Ница, Жан Клер Тодибо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.