SportM
Фудбал

Тотенхем го скрши отпорот на Стоук на крајот од натпреварот

Д М23 дек 2020
Тотенхем го скрши отпорот на Стоук на крајот од натпреварот

Фудбалерите на Тотенхем победија на гостувањето кај Стоук во четвртфиналето од ЕФЛ купот.

Гостите беа апсолутни фаворити, но победата не дојде лесно како што се очекуваше.

Добро му одеше на Тотенхем бидејќи во 22-та минута поведоа со 0: 1 преку Бејл, и со тој резултат заминаа на одмор.

Во второто полувреме поточно во 53. минута Томпсон погоди за израмнување на Стоук. Сепак, гостите успеаја да постигнат два гола до крајот на играта.

Најпрво Дејвис погоди за 1: 2 во 70-та минута, а конечниот резултат го постави Хари Кејн во 81. минута од натпреварот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.