SportM
Фудбал

Тотенхем најде нов тренер, но тие бараат од Мурињо нешто што никогаш нема да го добијат

Д М23 фев 2021
Тотенхем најде нов тренер, но тие бараат од Мурињо нешто што никогаш нема да го добијат

Тотенхем доживеа нов пад во текот на викендот бидејќи беше поразен од градскиот ривал Вест Хем.

Лондонскиот клуб не игра како што се очекуваше оваа сезона, а португалскиот стручњак Жозе Мурињо е под зголемени критики.

Англиските медиуми пред неколку дена објавија дека Мурињо може да добие отказ доколку формата на Тотенхем не се подобри, но познавајќи ги челниците на овој клуб, тоа тешко дека ќе се случи.

Тотенхем е познат по тоа што не сака да троши пари доколку нема потреба, а доколку Мурињо биде отпуштен, јасно е дека ќе треба да му платат отштета.

Телеграф денес објави дека Тотенхем сака да го донесе Џулијан Нагелсман за нов тренер, но тоа ќе се случи само доколку Мурињо поднесе оставка до крајот на оваа сезона.

Нагелсман е тренер на Лајпциг со кого прави големи работи, и е голема желба на Тотенхем. Но, челниците на клубот не сакаат да го отпуштат Мурињо и се надеваат дека Португалецот ќе си замине сам.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.