Тотенхем останува на Вембли, отворањето на новиот стадион одложено за 2019 година
Д М27 окт 2018

Отворањето на новиот стадион на Тотенхем е одложено за 2019 година, а клубот дотогаш како домаќин ќе продолжи да игра на Вембли.
Иако отворањето на новиот стадион беше најавено за Божиќ, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, го потврди одложувањето без да ја прецизира причината за тоа.
Тој само наведе дека клубот не можел да ги контролира сите непредвидени ситуации.
Според англиските медиуми причина за одложувањето е неисполнување на обврските на дел од изведувачите кои се ангажирани на објектот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



