Тотенхем подготвен да плати 20 милиони евра за трансфер на Траоре
Д М25 јан 2022

Премиерлигашот Тотенхем ја финализираше цената за играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Адама Траоре, објави „Sky Sports“.
Според британскиот медиум, Волвс се подготвени да го пуштат играчот за 25 милиони евра, но Спарс можат да понудат само 20 милиони евра.
Најверојатно, Вулверхемптон ќе се согласи на оваа цена, а Тотенхем ќе може да го позајми играчот.
Спарс се договорија со 25-годишниот Шпанец до 2026 година.
Траоре е проценет на 28 милиони евра од „Transfermarkt“. Тој оваа сезона одигра 19 натпревари во Премиер лигата и постигна еден гол.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



