SportM
Фудбал

Тотенхем потврди: Сон наскоро ќе започне со воената служба

Д М6 апр 2020
Тотенхем потврди: Сон наскоро ќе започне со воената служба

Напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин, ќе започне со задолжителна воена служба во неговата родна земја, Јужна Кореја.

Сон се спаси од 21 месец воена служба затоа што во 2018 година ја водеше својата Јужна Кореја до титулата шампион во Азија. Сепак, иако државата го награди за неговиот голем спортски успех, мора да се служи некој вид воена служба. Фудбалерот на Тотенхем на тој начин ќе помине четири недели во војска.

Тековната состојба, прекинот на натпреварувањето, се покажа како одлична за Сон да ја изврши својата воена должност. Патем, Сон секако се опоравува од сериозна повреда (скршена рака) и операција која беше извршена во февруари.

Неговиот Тотенхем потврди денес дека Сон отпатувал во Јужна Кореја и наскоро ќе започне со воена служба – по истекот на неговиот 14-дневен карантин, кој е задолжителен за сите што влегуваат во земјата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.