SportM
Фудбал

Тоти стана агент и веќе го има првиот клиент

Д М10 дек 2019
Тоти стана агент и веќе го има првиот клиент

Легендарниот напаѓач на Рома, Франческо Тоти тргнува во нова авантура.

На крајот од кариерата, Тоти извесно време беше во раководството на Рома, но во меѓувреме ја напушти таа работа и се сврте кон менаџерската.

Тоти отвори агенција и бара млади и перспективни фудбалери кои имаат потенцијал, при што италијанските медиуми велат дека негов прв клиент ќе биде Себастијан Еспосито.

Станува збор за 17-годишен фудбалер на Интер, кој веќе имаше шанса да одигра неколку натпревари за првиот тим оваа сезона, а соработката меѓу двете страни треба да биде официјализирана до крајот на оваа година.

Евентуалниот договор нема да влијае на иднината на Еспосито во Интер. Тој наскоро ќе потпише нов договор со Интер, пишуваат италијанските медиуми.

Еден од партнерите на Тоти во овој проект е агенцијата „ѕвездената група“ која меѓу своите клиенти претходно имала sвезди како Герет Бејл, Саул Нигез…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.