SportM
Фудбал

Трагедија: Фудбалер усмртен од удар од гром за време на натпревар (ВИДЕО)

Редакција5 авг 2026
Трагедија: Фудбалер усмртен од удар од гром за време на натпревар (ВИДЕО)

24-годишниот фудбалер Софван Авар загина откако бил погоден од гром за време на фудбалски натпревар во Тајланд. Според објавените информации, ударот од громот погодил и други играчи, кои биле пренесени во болница.

Девет фудбалери се хоспитализирани откако биле погодени од гром за време на натпреварот од „Голок ФА Куп“ во провинцијата Наративат, Тајланд. Еден од преживеаните опишал дека чувството било како некој силно да го удрил во грбот со тврд предмет, по што паднал на земја и почувствувал вкочанетост низ целото тело.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.