Трагедија каква што не се памети: Фудбалер почина на натпревар одигран во спомен на неговиот брат

Италијанскиот фудбалер Џузепе Перино почина вчера на сред натпревар организиран во чест на неговиот брат, кој го загуби животот во велосипедска несреќа пред три години.
Според неофицијални информации, причина за неговата смрт бил срцев удар, а сето тоа се случило во Поџомарино близу Неапол, каде се играл ревијален натпревар.
Несреќниот Перионо играше на позициите на средниот ред, а во својата играчка кариера играше за младинските категории на Парма.
За време на ревијалниот натпревар, Перино падна на земја, екипата на брза помош му пријде брзо и се обиде да му помогне, но немаше спас за овој 29-годишник. Брзо бил пренесен во блиската мртовечница каде биле утврдени причините за смртта.
Покрај Парма, тој играше за италијанските клубови од пониски лиги како Сапри, Беларија, Вигор Ламезија, Батипаглиезе, Скафатезе, Турис, Реал Поџомарино, Пимонте и Солофра.



