SportM
Фудбал

Трагедија, почина 17 годишен голман, усмртен од струја во ресторан!

Редакција13 јул 2024
Трагедија, почина 17 годишен голман, усмртен од струја во ресторан!

Младиот голман на НК Рудар од Каменград, БиХ Кристијан Клариќ (17) почина синоќа од струен удар, јави локалната телевизија Сана. Трагедијата се случила вчера кога споменатиот голман настрадал од струен удар во ресторан.

„Неофицијално, тој починал од струен удар, но подетални информации за се ќе бидат познати откако полицијата ќе спроведе истрага на местото на трагедијата“, се наведува во веста што ја пренесува локалната телевизија Сана. Седумнаесетгодишниот Клариќ играше во Втората лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Запад.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.