SportM
Фудбал

Трагедија во Романија: Шоферот имал срцев удар, минибусот на фудбалски клуб удрил во дрво, има загинати (ВИДЕО)

Редакција31 јул 2026
Трагедија во Романија: Шоферот имал срцев удар, минибусот на фудбалски клуб удрил во дрво, има загинати (ВИДЕО)

Едно лице загина, а десетмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која учествувал минибусот со вториот тим на Динамо Букурешт.

Несреќата се случила во местото Кампулунг, откако 83-годишниот возач, според првичните информации, доживеал срцев удар, изгубил контрола над возилото и удрил во дрво.

Во минибусот се наоѓале 16 лица. На местото на несреќата животот го загубил членот на медицинскиот тим Константин Ковачиу, додека сите повредени се пренесени во болница. Фудбалерите и членовите на стручниот штаб се надвор од животна опасност, а тренерот на вториот тим Адријан Ропотан се здобил со скршеници на двете раце.

Од Динамо Букурешт изразија сочувство до семејството на Ковачиу, истакнувајќи дека со години бил важен дел од медицинскиот тим на клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.