SportM
Други

Трагична вест: Почина човекот кој го водеше Новак Ѓоковиќ до олимписки медал!

Редакција3 окт 2024
Трагична вест: Почина човекот кој го водеше Новак Ѓоковиќ до олимписки медал!

По долго и тешко боледување во Белград почина тенискиот тренер Јован Лилиќ, соопшти Тенискиот сојуз на Србија. Лилиќ беше дел од репрезентацијата на Дејвис купот, а во националниот тим работеше за време на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, кога Новак Ѓоковиќ го освои бронзениот медал.

–Со голема болка и тага ја известуваме спортската и тениската јавност дека прерано нè напушти Јован Лилиќ (1965-2024), истакнат тениски работник, тренер и човек кој со својот ведар дух донесе насмевки на нашите лица. По долго и тешко боледување, почина во Белград, се вели во соопштението.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.