SportM
Фудбал

Трансферот на Дибала во Рома се случи само поради еден човек

Д М16 сеп 2022
Трансферот на Дибала во Рома се случи само поради еден човек

Пауло Дибала го смени клубот ова лето.

Тој по истекот на договорот го напушти Јувентус, но не и Италија. Тој се пресели во главниот град на оваа Апенинска држава и во изненадувачки трансфер потпиша за Рома.

Дибала стана играч на Рома потпишувајќи договор за следните три сезони, со можност за продолжување на уште една.

Во италијанската престолнина аргентинскиот напаѓач заработува шест милиони евра по сезона, на кои ќе се додадат и бонуси за учинок, секако доколку ги заслужи.

Како што пренесува Football Italia, победникот на првото издание на Конференциската лига постави и откупна клаузула за Дибала во висина од 20 милиони евра.

Исто така, Дибала обезбеди клаузула во договорот дека може да го напушти клубот следното лето, доколку не успее да се пласира во Лигата на шампионите.

Неодамна Дибала објасни дека решил да замине во тимот на стадионот Олимпико по дијалогот со Жозе Мурињо.

Всушност, „The Special One“ е познат по неговата способност да убеди големи имиња да му се придружат, без разлика на големината или тежината на спортскиот проект.

„Многу сум среќен што играм во Рим. Беше лесно да се одлучам да дојдам овде, бидејќи по разговорот со Мурињо бев 100% убеден дека сакам да бидам дел од овој тим“, изјави Дибала.

Дибала на осумте досегашни натпревари во дресот на Рома постигна четири гола и додаде две асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.