Трансферот во Интер нема да го прифати, неговиот сон е да го облече дресот на Милан

Во неодамнешно интервју за Газета дело Спорт, пред денешниот натпревар на „Сан Сиро“, таткото на Николо Тресолди, фрли светло на иднината на неговиот син.
Италијанецот кој одлучи да ја претставува Германија, моментално е дел од Клуб Бриж. Неговото заминувањр од белгискиот тим е само прашање на време, со оглед на големиот интерес на другите големи клубови.
Неговиот татко, Емануеле, има регистрирани 18 настапи во Серија А како лев бек со Аталанта (меѓу другите), пред семејството да се пресели во Хановер. Во неодамнешното интервју, таткото на Тресолди наведе дека неговиот син е голем фан на Милан.
„Се заљуби во Кака, Инзаги и Пато и беше невозможно да го убедиме да ја смени мислата“, изјави првично Емануеле Тресолди. Кога беше прашан за можен трансфер во Интер, тој верува дека тоа е невозможно имајќи ја предвид љубовта на неговиот син кон Милан.
„Не сум сигурен дали би го прифатил тоа. Неговите чувства како навивач можат да надвладеат. Неговиот сон е да го облече дресот на Милан“, додаде Емануеле Тресолди.
Поврзано
Поврзани вести

Конте, германски и англиски тренер. Три имиња на листата на Манчестер Јунајтед за да го заменат Карик

„Измамник“, Донарума е ставен во непријатна ситуација по победата против Ливерпул

