Connect with us

Фудбал

Требаше да биде голема ѕвезда, а сега има поголема минутажа во полициска станица отколку на терен

Рубен Семедо се пресели во Виљареал во 2017 година со етикетата на еден од најталентираните Португалци, но една година подоцна беше уапсен за киднапирање, претепување и држење човек во неговата куќа, а потоа беше обвинет за кражба и закана со оружје.

Тој беше осуден на условна казна од пет години и осум години забрана за влез во Шпанија, а потоа се појави идејата за трансфер во Вулверхемптон, каде играат многу португалски играчи, но тој не успеа да добие виза.

На крајот стигна до Грција, но продолжи да го крши законот играјќи за Олимпијакос. Тој беше уапсен пред неколку месеци под сомнение дека силувал 17-годишна девојка. Грчките служби го истражуваат случајот, а Семедо тврди: „Да не бев фудбалер, ништо немаше да се случи“.

Тој рече дека малолетната девојка го измислила сето тоа за да заработи пари, но според greekcitytimes.com , во понеделникот вечерта неговата 28-годишна девојка повикала полиција и рекла дека Семедо физички ја нападнал за време на една од нивните расправии.

Тој беше приведен, па неколку часа подоцна беше пуштен, но случајот не беше затворен, бидејќи ќе одговара за своите нови и срамни постапки.

Договорот на Семедо со Олимпијакос е со важност до летото 2023 година, но се шпекулира дека тој би можел да заврши во Порто. Секако, ако пред тоа не заврши зад решетки, и како што почна, тој „трансфер“ не е невозможен.

 

Реклама

Facebook

Реклама