Фудбал
Тренерот на Барселона по поразот од Жирона: Бевме многу лоши!
Tренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, се осврна на поразот (1:2) од Жирона вчеравечер во гостувањето на 24. коло од Шпанското фудбалско првенство.
– Направивме премногу грешки. Нашата позиционираност беше многу лоша, особено во центарот на теренот. Оставивме премногу простор и не вршевме притисок. Бевме премногу отворени и примивме премногу голови. Мислам дека Жирона ја заслужи оваа победа. Бевме многу лоши, особено во одбраната и во транзицијата.
Им давам на тимот два дена одмор. На играчите им е потребно. Тие се многу уморни и тоа е забележливо. Им дадов одмор бидејќи треба да се наполнат со енергија. Кога ќе се вратат, ќе се обидеме да се подобриме, бидејќи играме многу лошо.
Фудбалерите се многу уморни и тоа е нормално. Во поинакви услови, ќе беше сосема поинаков натпревар. Грешките се случуваат затоа што им недостасува свежина. Ни треба повеќе желба за победа, изјави Флик.
Тој даде свој коментар за судењето.
– Сите видоа што се случи со вториот гол… Но, не можам да кажам ништо за судиите. Можеби ќе се борев посилно или ќе зборував повеќе за судењето ако игравме добро, но денес бевме толку лоши. Жирона ја заслужи победата, а резултатот беше логичен. Нема изговори. Судиите си ја работат својата работа. Понекогаш тие не успеваат, но пред сè, мора да се погледнеме себеси. Понекогаш судиите се на исто ниво како нас… односно не на високо ниво, рече германскиот тренер на прес-конференција.
Барселона го претрпе вториот пораз по ред. Тие се втори на табелата во шпанското првенство со 58 бода по 24 натпревари, два бода помалку од лидерот Реал Мадрид.