Тренерот на Еурофарм Пелистер за поразот од ПИК Сегед: Слаби бевме во одбраната!
E R21 ное 2025

Фото: tv21m
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер претрпе убедлив пораз (35:20) на гостувањето кај ПИК Сегед, екипа која во претходното коло ја совлада во Битола. Веднаш по дуелот тренерот на битолчани зборуваше за текот на дуелот и убедливиот пораз со причините.
– Нашата одбрана беше послаба. Во натпреварот минатата недела нашите голмани имаа дури 50% успешност во одбраните, а такво нешто не успеавме да повториме. Не браневме еден на еден ситуации, исто така бевме и слаби во два на два. Не успеавме да го неутрализираме и Лазар Кукиќ, изјави тренерот на Е.Пелистер Рубен Гарабаја
Следниот натпревар Еурофарм Пелистер го игра на 26.ноември (среда) на домашен терен против Магдебург.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



