SportM
Фудбал

Тренерот на ПСЖ за ждрепката: Тие се спектакуларен тим

Д М11 јул 2020
Тренерот на ПСЖ за ждрепката: Тие се спектакуларен тим

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел ја коментираше ждрепката во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Завршницата на елитното клупско натпреварување ќе се игра од 12 до 23 август на стадионите на Бенфика и Спортинг, а следната пречка за парижаните до трофејот со „големи уши“ ќе биде Аталанта.

Францускиот тим е фаворит, без сомнение во тоа, сепак Томас Тухел стои цврсто на земја.

„Аталанта е спектакуларен тим. Тие прават силен притисок и постигнуваат многу голови. Мораме да бидеме подготвени и да играме внимателно. Ние сме во четвртфиналето и ние сме тука да одиме понатаму“, рече Тухел.

ПСЖ, за разлика од Аталанта, не се грижи за сезоната затоа што францускиот шампионат беше прекинат претходно поради пандемијата на коронавирусот. Тимот на Тухел беше прогласен за шампион.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.