SportM
Фудбал

Тренерска бомба во Ла Лига – Раул Гонзалес!

Д М8 сеп 2023
Тренерска бомба во Ла Лига – Раул Гонзалес!

Фудбалскиот клуб Виљареал го отпушти Кике Сетиен по лошиот старт на сезоната, а на негово место би можел да дојде Раул Гонзалес.

Тренерот на Кастиља, вториот тим на Реал Мадрид, веќе некое време се поврзува со најголемата сцена на шпанскиот фудбал, а летово го следеа Рајо Ваљекано и Хетафе.

Виљареал секако е уште посериозен чекор во неговата кариера, „жолтата подморница“ игра во Лига Европа и претендира на врвот на табелата.

Флорентино Перез му даде збор на Раул дека ќе му дозволи да преговара доколку ја добие вистинската понуда, која секако е онаа од стадионот „Керамика“.

Виљареал има тим кој е достоен да се бори за врвот, па недозволиво е да има дури три порази во првите четири кола, поради што доби отказ Кике Сетиен.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.