SportM
Фудбал

Тренингот на Реал кажа многу за Карим Бензема (ВИДЕО)

Д М28 мај 2022
Тренингот на Реал кажа многу за Карим Бензема (ВИДЕО)

Ливерпул и Реал Мадрид вечерва го играат финалето на Лигата на шампионите.

Тоа ќе биде шлаг на тортата во оваа клупска сезона во европскиот фудбал.

Финалниот дуел се игра во Париз и сигурно ќе имаме одлична атмосфера.

Карим Бензема игра одлично оваа сезона, тој е еден од главните кандидати за освојување на Златната топка, а напаѓачот на Реал Мадрид е и прва ѕвезда во Париз.

Бензема на тренингот на Реал беше пречекан од бројни новинари, фоторепортери, а имаше и навивачи на Карим Бензема.

Извесно е дека Бензема заедно со Лука Модриќ ќе бидат главниот адут на Реал вечерва, мадридскиот клуб ја брка својата 14-та европска титула, додека Ливерпул ја бара седмата.

Ова ќе биде реприза на финалето од 2018 година, кога Реал победи со 3:1 во Киев.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.